Регистрација на гласачите од дијаспората за гласање на предвремените парламентарни избори, кои ќе се одржат на 11.12.2016 година се врши во периодот од 18.10.2016 до 11.11.2016 (повеќе тука).

Државјаните на Република Македонија (поседуваат македонски пасош или лична карта), кои се на привремен престој во странство повеќе од 3 месеци или се на привремена работа или престој во странство повеќе од 1 година, може да се пријават за гласање преку своерачно потпишана пријава или преку веб апликацијата за пријава на гласачи од дијаспората, која се наоѓа тука.